Дома Македонски спорт Калин поради здравствени проблеми го предаде мечот во првото коло во Јапонија

Калин поради здравствени проблеми го предаде мечот во првото коло во Јапонија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 75 турнирот во јапонскиот град Кобе.

Тој мечот од првото коло со Јан Баи од Кина го предаде во вториот сет при резултат 6:1 во првиот сет и 4:0 во вториот сет за ривалот. Прична за ваквиот тек на мечот беа здравствените проблеми што ги имаше Ивановски (стомачен вирус).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот тенисер успешно во претходните два дена настапуваше во квалификациите каде постигна две победи против домашните тенисери: Риуки Мацуда и Џејмс Тротер и со тоа избори пласман на главниот турнир. За настапот на овој турнир Ивановски ќе освои 4 поени.

Следната недела Ивановски го очекува настап на Челинџер турнир во Јокохама, најверојатно повторно ќе стартува со настап во квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…