Дома Фудбал Англија Како Тен Хаг потроши пола милијарда евра на засилувања: Дали ова е почеток на неговиот крај во Јунајтед?

Како Тен Хаг потроши пола милијарда евра на засилувања: Дали ова е почеток на неговиот крај во Јунајтед?

Ерик Тен Хаг е вовлечен, главно по негова вина, во војна која е многу тешко да се победи и која генерално значи почеток на крајот за секој менаџер со слаб успех на Островот. Посебно странец на клупата на Манчестер Јунајтед.

Петтиот пораз во десет кола од Премиер лигата оваа сезона со гол разлика 11:16, во комбинација со необјаснивите одлуки за изборот на играчи на „Манчестерското дерби“ (и смешното објаснување што следуваше), го покрена медиумите на Островот да отворат голем број непријатни прашања – дали Холанѓанецот е вистинскиот избор за менаџер, дали Тен Хаг може да ја сврти ситуацијата во своја корист…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Му се замерува и на потрошените суми за фудбалери по негова желба. Од неговото доаѓа клубот потроши скоро пола милијарда евра, а некои од играчите се покажаа како целосни промашувања…

Сумите се во милиони евра

97,5 Ентони
82.3 Расмус Хојлунд
80,1 Касемиро
68,6 Мејсон Маунт
64,8 Лисандро Мартинез
53,7 Андре Онана
16,8 Тирел Маласија
04.9 Алтај Бајиндир
00.0 Кристијан Ериксен
00.0 Џони Еванс
Позајмица Серхио Регилон
Позајмица Софијан Амбрабат
Позајмица Воут Вегхорст
Позајмица Марсел Сабицер

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, коментираше дека овојпат не е можно да се префрли одговорноста на семејството Глејзер, бидејќи на Тен Хаг му беа дадени одврзани раце да го состави и засили тимот уште од првиот ден, потсетувајќи дека улогата на Ралф Рагник како „советник до директорот за трансфер прашања“ е исто така отфрлена во последен момент за Тен Хаг да биде комплетно одговорен за тимот.

Во три преодни рока, Тен Хаг потроши астрономски 460 милиони евра, од кои речиси сто милиони на еден од играчите кои веќе ги тренираше, Бразилецот Антонио кој правеше проблеми и надвор од теренот

Се додава дека последен пат кога Јунајтед доживеа пет порази во првите десет кола било во сезоната 1986/1987, тогаш Рон Еткинсон беше сменет..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…