Tимот на Хјустон повторно не успеа да стигне до големото финале во НБА лигата, измината ноќ беа поразени на домашен од Голден Стејт во седмиот натпревар од серијата (4:3).
Хјустон на оваа средба испушти 11 поени предност на полувремето, а слободно може да се каже дека самите кошаркари се виновни што нема да бидат дел од големото финале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без помош на Крис Пол, продолжија да играат онака како што тоа го прават во текот на целата сезона – со шутирање за три поени, по што се и рекордери. Но во овој натпреварот шутот не ги служеше.
Верувале или не во второто полувреме кошаркарите на Хјустон промашија 27 обиди за три поени во низа! Само во третата четвртина промашија 14, додека статистиката во еден момент покажуваше 1/30.