Дома Фудбал Лига на шампиони Како е ова можно? Човек од Торино ќе одредува кој ќе суди на мечот Јувентус – Атлетико!

Како е ова можно? Човек од Торино ќе одредува кој ќе суди на мечот Јувентус – Атлетико!

Јувентус иако важеше за еден од најголемите фаворити во Лигата на шампиони, сепак „бјанконерите“ доживеаа тежок пораз од Атлетико Мадрид во осминафиналето.

Поразот од 2:0 можеше да биде уште поголем доколку судиите немаа помош од ВАР, кој помогна да биде поништен еден гол на Алваро Мората.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако до реваншот има повеќе од две недели сепак се крена голема прашина, откако беше објавена информацијата дека името на судијата за тој меч ќе го делегира некогашниот италијански судија Роберто Росети!

Станува збор за еден од водечките луѓе во Судиската комора при УЕФА, но спорно е што човекот е роден во Торино. Притоа, Росети со години важеше за близок човек на градскиот ривал на Јувентус, Торино.

Поради тоа се запалија алармито како кај Атлетико Мадрид, така и кај Јувентус.

Имено, во Јувентус се сомневаат дека Росети професионално ќе го направи изборот бидејќи е етикетиран како некој кој не ја сака „старата дама“, додека во Атлетико стравуваат поради тоа што е Италијанец од Торино.

Јувентус оваа сезона влезе со најголеми амбиции во Лигата на шампионите, пред се поради фактот што во тимот го имаат Кристиано Роналдо. Португалецот во моментов е повреден, но лекарскиот тим прави се за да биде во оптимална форма за реваншот на 12-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…