Дома Фудбал Останато КАКОВ ЧОВЕК! Ова е најлудата приказна која Клоп за прв пат ја раскажува!

КАКОВ ЧОВЕК! Ова е најлудата приказна која Клоп за прв пат ја раскажува!

Во разговор за „Амазон Прајм“ тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се потсети на сезоната 2010/2011 и освоената титула шампион со Борусија Дортмунд.

Тимот на Дортмунд тогаш одигра одлична есен и дојде до првата титула во Германија после пауза од девет години, ако му веруваме на Клоп прославата била навистина луда.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Испив премногу и тоа може да се забележи во некои интервјуа oд тоа време. Не се сеќавам на многу работи, но на една работа се сеќавам. Не сум сигурен дали некогаш претходно ова сум го кажал на некого. Се разбудив во камион во една гаража и бев целосно сам. На тоа се сеќавам, но не знам ништо што се случувало претходно“.

Не бил единствен во таа гаража…

„Се разбудив, се симнав од камионот и се најдов во една голема сала. Потоа тргнав да одам преку дворот и видов еден човек…Свирнав и бидејќи знам да свирам прилично гласно и тогаш забележав дека човекот успори. Почекав да видам кој е и видов дека тоа е Аки Вацке (Ханс-Јоаким Вацке), извршниот директорт на Борусија Дортмунд. Ја и Аки бевме сами во тој двор“.

„Аки запре еден стар Мерцедес на улицата. Беше тоа караван, а зад воланот седеше некој Турчин. Аки му кажа да не вози во еден локал. Тој прво не сакаше, но тогаш Аки извади 200 евра и му рече ќе возиш ли сега. Возач не однесе…Аки седеше напред, а јас назад. Главата ми удираше од прозорот бев малку изморен и слушав некои звуци потоа сфатив дека зад мене гепекот е полн со кокошки“, изјави Клоп.

Каков човек!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…