Легендарниот италијански напаѓач, Марко Бориело пронајде нов ангажман и тоа на место каде што познавајќи го неговиот карактер сигурно ќе ужива.
Откако му истече договорот со италијански СПАЛ, Бориело се одлучи да настапува во третата шпанска лига, но не било каде туку на – Ибица во истоимениот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за шпанскиот третолига Унион Депортиво Ибица, како што гласи целото име на клубот или едноставно Ибица.
Напаѓачот е без клуб од ова лето, а СПАЛ го напушти после конфликтот со претседателот на клубот Валтер Матоли.
Во својата богата кариера Бориело настапуваше за Тревисо, Тристина, Емполи, Реџина, Рома, Милан, Сампдорија, Џенова, Каљари, Јувентус, Вест Хем, Карпи и Аталанта. Запиша и настапи за репрезентацијата на Италија.
36 годишниот Бориело е и познат како човек кој ужива во добрите забави, па нема сомневање дека лудите журки на Ибица биле една од причините да ја избере својата нова дестинација.