Емерик Лапорт ја покажа својата хумана страна откако ја купи опремата на трагично настраданиот француски боксер, Алексис Вастин.
Таткото на Вастин опремата на неговиот син ја донираше за да собере што е можно повеќе пари за здравствени работници во борба со коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Сити за 5.000 евра го купи дресот со кој Вастин се бореше на Олимписките игри во Лондон во 2012 година и веднаш го врати неговиот татко.
Поранешниот француски боксер на ОЛ во Пекинг во 2008 година го освои бронзениот медал, а животот го загуби во хеликоптерска несреќа во Аргентина и тоа на 28 години.
C'est gentil merci surtout à toi pour ton action face au virus et ces enchères qui aident ceux qui en ont le plus besoin ?? à bientôt https://t.co/9s1DUak55z
— Aymeric Laporte (@Laporte) April 19, 2020