Бразилецот најавува сензационално враќае во клубот каде што се прослави.
Прославениот Бразилец Кака неодамна го напушти Орландо откако му истече договорот, но најави дека не завршил со фудбалот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Сеуште размислувам за иднината и сеуште сум фудбалер“, изјави Кака.
Потоа тој најави можно враќање во Милан.
„Би сакал да продолжам да работам во фудбалот, без разлика дали како тренер или спортски директор. Можеби и во Милан, зошто да не. „Росонерите“ се во моето срце. Во овој момент немам договор со ниту еден клуб, но како што кажав се чуствувам како фудбалер и во наредните недели ќе одлучам каде ќе ја продолжам кариерата“, открива Кака.
Бразилецот потоа зборуваше за Нејмар, но и ривалството помеѓу Меси и Роналдо.
„Нејмар никогаш во кариерата не бил вака физички спремен, може да стане шампион на светот. Ривалството помеѓу Меси и Роналдо е големо, но медимите допринесуваат за такво нешто со тоа што знаат добро да ја „напумпаат“ секоја ситница“, заклучи Кака.