Дома Топ вести Каде е тој, таму се проблемите – „пукна тиквата“ помеѓу Раиола и Манчестер Јунајтед?

Каде е тој, таму се проблемите – „пукна тиквата“ помеѓу Раиола и Манчестер Јунајтед?

По хаосот кој го создаде во Милан, Мино Раиола сега создава проблеми и во Манчестер Јунајтед.

Имено, додека пред две години ги превзема работите во Манчестер Јунајтед и го „исфрли“ Мендеш, прво ги доведе Погба и Ибрахимовиќ, па потоа минатото лето и Лукаку, сега изгледа дека дојде крајот на нивната „љубов“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Јунајтед се бесни поради тоа што Раиола го нуди Погба на други клубови, а се шпекулира дека тој стои зад вчерашната приказна дека Французинот е спремен да се врати во Јувентус и да се откаже од големата плата.

Од Раиола доаѓаат и критиките дека е невозможно Погба да заборавил да игра фудбал и дека Мурињо не успева да го извлече најдоброто од него. Проблемите започнаа со Михтаријан кој не успеа да се наметне, а на крајот заврши во Арсенал, Ибрахимовиќ сега чека да замине, како и резервниот голман Ромеро.

Доколку замине Погба, останува Лукаку, но од друга страна тешко дека Наполитанецот ќе си дозволи себе си да си ја затвори вратата во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…