Дома Фудбал Каде е Наинголан таму се проблемите: Сега пушеше цигара на клупата за резерви

Каде е Наинголан таму се проблемите: Сега пушеше цигара на клупата за резерви

Кариерата на Раџа Наинголан кој сега го носи дресот на Антверп е обележана со многу контроверзии, а сега следуваше уште една во низата.

Наинголан си направи нови проблеми само една недела откако заврши зад решетки, а автомобилот му беше запленет затоа што возеше без возачка дозвола. Како тоа да не беше доволно сега беше „уловен“ како пуши цигара на клупата во натпреварот против Стандард.

Ситуацијата е од пред почетокот на натпреварот. Очигледно е дека Наинголан се обидува да ја сокрие ситуација, но димот кој го испушта не им „избега“ на фоторепортерите.

Во Белгија има забрана за пушење на стадионот, таа важи и за електронски цигари, па затоа клубот го суспендираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Димитар Георгиев – Шеки, еден од великаните на Беласица

Струмичкиот фудбал остана без Димитар Георгиев – Шеки, кој со 235 првенствени настапи и 50…