Дома Фудбал Италија Наинголан пристигна: Официјално пречекан од навивачите на Интер (ВИДЕО)

Наинголан пристигна: Официјално пречекан од навивачите на Интер (ВИДЕО)

Белгиецот утре заминува на потпис…Експлозија од воодушевување меѓу навивачите на Интер, најголемото заислување стигна да го потпише договорот.

Раџа Наинголан вечерва допатува во Милано, преседе во хотелот Мелија, а изутрина ќе ги заврши лекарските прегледи и ако се мине како што треба, ќе го потпише договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Белгиецот го дочекаа десеттина навивачи на Интер, а тој имаше само краток коментар:

„Среќен сум, а се надевам и навивачите ќе бидат уште посреќни кога ќе почнам да играм“.

Наинголан беше најголемата желба на Спалети во овој преоден рок. Се обиде да го донесе и изминатото лето, и зимоска бидејќи имаа фантастична соработка во Рома, но римскиот клуб успеваше да одолее. Сепак, Рома ова лето донесе одлука да го продаде. Рома благодарение на овој договор ќе добие 38 милиони евра за Наинголан.

„Тој е алката која и недостасува на Интер. Ни годи фактот дека не избра нас кога Рома го стави на продажба. Има се што е потребно за битка протиив било кој ривал. Тој е вистински Нинџа“, истакна Спалети.

Белгиецот утре ќе потпише договор вреден 4.500.000 евра до 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Засега никој од Реал Мадрид не го контактирал Мурињо, тврдат во Шпанија

Во последниве денови, името на Жозе Мурињо повторно стана актуелно како можен тренер на Ре…