Дома Фудбал Италија Фудбалерот на Рома со ШОКАНТНА изјава: Оженет сум, не тешко е да се каже „НЕ“ на атрактивните жени!

Фудбалерот на Рома со ШОКАНТНА изјава: Оженет сум, не тешко е да се каже „НЕ“ на атрактивните жени!

Поголемиот број фудбалери во текот на кариерата промениле голем број партнерки, а реткост е да се види некој кој потполно ќе му се посвети на семејството.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Раџа Наинголан во разговор за една белгиска телевизија даде прилично интересна изјава околку девојките кои му приоѓаат.

„Многумина жени ви приоѓаат на провокативен начин и некогаш навистина е тешо да им кажете „не“. Оженет сум, не сум ангел и најважно е што за ваквите работи никогаш не дознава. Тешко е да одолеете кога на забава ќе ви пријдат пет атрактивни жени. Што би направиле вие?“, запраша Наинголан.

Наинголан изјави и што мисли за геј играчите во светот на фудбалот.

„Геј играчите никогаш нема да ја признаат својата хомосексуалност. Се срамат и веројатно знаат дека кариерата би им била завршена ако признаат дека се хомосексуалци. Фудбалот е сепак попознат по убавите жени кои кружат околу фудбалерите“, истакна Раџа.

Зборовите на Наинголан предизвикаа низа реакции на социјалните мрежи и многумина сметаат дека претерал и дека неговата сопруга би требало да реагира на ваквите зборови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Како сето ова успеал да го внесе на стадионот? Виралниот навивач на Атлетико пак правеше сендвичи (Видео)

Среде натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1), фокусот на гледачките очи го при…