Едисон Кавани овој викенд стана најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ.
Тој против Монпелје постигна еден гол и стигна до бројката од 157 гола во 229 настапи за францускиот гигант. Претходниот рекорд го држеше Златан Ибрахимовиќ со 156 гола во 180 натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Уругаецот сигурно ќе биде разочаран од поклонот кој го доби. По импресивното постигнување, клубот по натпреварот оджа мала церемонија, а му поклонија 2D фигура од самиот себе. И тоа е тоа. Ќе се согласите, многу скромно од страна на еден од најбогатите клубови во светот.
Се надеваме дека покрај ова, Кавани ќе добие уште нешто, но зад главната сцена.