Дома Трансфер зона Кавани потврди: Имам понуди од Европа, Аргентина и Бразил

Кавани потврди: Имам понуди од Европа, Аргентина и Бразил

Единсон Кавани е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

„Ел Матадор“ истакна дека ќе го чека крајот на неговиот одмор во родниот град во Уругвај каде што ќе ги разгледа понудите пред да ја донесе конечната одлука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Имам две или три понуди од Европа, но има од Аргентина и Бразил. Прво сакам да уживам во одморот во мојот град, а потоа ќе ги анализирам понудите. Се уште ништо не сум решил”, изјави Кавани за локалните медиуми.

Шпански „АС“ на почетокот на јуни објави дека претставниците на Кавани преговараат со Атлетико Мадрид, Виљареал и Севиља, за да се договорат за веројатно неговиот последен договор во европскиот фудбал. Претходно се шпекулираше и дека Бока Јуниорс сака да го доведе.

Ќе потсетиме и првиот човек на Салернитана неодамна потврди дека тие сакаат да го доведат Кавани.

„Иако за нас изгледа како невозможно во овој момент, ќе кажам две имиња за кои сме заинтересирани. Тоа се Едисон Кавани и Марко Арнаутовиќ. Ќе видиме што можеме да направиме“, изјави Данило Иерволино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…