Раководството на Пари Сент Жермен нема да му понуди продолжување на соработката на Едисон Кавани на крајот на сезоната, пренесува „Франс Фудбал“.
Договорот на Кавани со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а главна причина што „светците“ нема да му понудат нов договор се високите финансиски претенции на напаѓачот, кој бара 18 милиони евра годишно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа сезона Кавани ја започна со повреда на бутниот мускул, па го загуби местото во првиот тим после одличните настапи на Мауро Икарди.
ПСЖ одлучи да го откупи Икарди кој е прв избор на напаѓачката позиција, па на Кавани ќе му биде дозволено да замине на крајот на сезоната како слободен играч.
Иако напаѓачот е во последната година од договорот, сепак ПСЖ нема намера да го продаде во јануари, па Кавани како слободен агент ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
⚠️⚠️⚠️ Cavani no seguirá la próxima temporada en el PSG
— Diario AS (@diarioas) December 10, 2019
?? Tal como ha confirmado France Football, Leonardo no le ha ofrecido renovación, pero el jugador tampoco tiene la intención de seguirhttps://t.co/jVD8KzYwlQ