Дома Актуелно Кабиб со борбата против Пориер ќе го сруши рекордот на Конор и ќе заработи двојно повеќе

Кабиб со борбата против Пориер ќе го сруши рекордот на Конор и ќе заработи двојно повеќе

Кабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер ќе се борат во сабота за титулата шампион на УФЦ во лесна категорија.

Оваа борба привлекува големо внимание и се очекува рекорден број на преноси ширум светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Исто така Кабиб од оваа борба ќе заработи рекордна сума. Барем тоа може да се заклучи од изјавата на неговиот татко Абдуламанап Нурмагомедов.

„Овој пат заработката ќе биде три до три ипол пати поголема. Нема повеќе да се бориме за кикирики, бидејќи ја знаеме нашата вредност. Сумата од два милиони е премалку за најдобриот во светот. Исто така, свесни сме за попупарност и ќе видите во сабота како публиката ќе го дочека Кабиб, а како Пориоер“, изјави Абдуламанап.

Оваа изјава значи дека Кабиб ќе заработи помеѓу шест и седум милиони долари што е рекорд.

Претходно најголемата сума ја доби Конор Мекгрегор и таа изнесуваше три милиони долари.

Главната програма утре започнува околу 20:00 часот, додека борбата помеѓу Кабиб и Пориер се очекува да биде околу 22:00 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…