Дома Фудбал Останато И тој дојде на ред: Во јануари возеше Дакар, а сега е кандидат за тренер на Реал Мадрид!

И тој дојде на ред: Во јануари возеше Дакар, а сега е кандидат за тренер на Реал Мадрид!

boas

И тој дојде на ред, човекот кој возеше на Дакар во јануари сега е кандидат за клупата на Реал Мадрид!

Поминаа 11 дена од кога Реал Мадрид остана без тренер и од моментот кога Зидан одлучи да каже – доста! Од тој момент па до денес, Флорентино Перез е во потрага по нов стратег.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголема желба на Перез е Маурисио Покетино, но голем проблем на „кралевите“ им прави новиот договор на Аргентинецот со Тотнехем потпишан пред неколку недели, па поради тоа шансите Покетино да го превземе Реал се минимални.

Во морето кандидати денес шпанскиот медиум „Радио Монте Карло“ лансираше ново име – Андре Виљаш Боаш! Реал наводно ја разгледува и таа можност, Португалецот е слободен откако го напушти Шангај ШИПГ минатиот декември. Од тој момент како што пишуваат медиуми одбил неколку понуди.

rmc

Слодното време Виљаш Боаш го искористи да се посвети на семејството, но и на неговата втора страст. Во јануари оваа година возеше на релито Дакар каде што заработи и мала повреда, за среќа без посериозни последици.

Сега, неколку месеци подоцна, ако можеме да му веруваме на „Радио Монте Карло“, кој многу пати имаше ексклузивни ифнромации. Аргентинецот е опција за Реал Мадрид.

Покрај името на Боаш, Реал Мадрид се поврзуваше со: Покетино, Клоп, Гути, Масимилијано Алегри, Антонио Конте, Тите….

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…