Дома Трансфер зона И тоа се случи: Фил Џонс го напушти Манчестер Јунајтед

И тоа се случи: Фил Џонс го напушти Манчестер Јунајтед

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед денес потврди неколку заминувања, меѓу кои е и Фил Џонс.

Неговото име најмногу остава впечаток бидејќи навивачите конечно дочекаа да си замине од клубот. Џонс за Манчестер Јунајтед играше 12 години и настапи на 229 натпревари за првиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од клубот си заминува како слободен играч по истекувањето на договорот.

На теренот во Јунајтед од поодамна не сметаа на Џонс, играше за резервниот тим, иако и таму беше повреден. Практично сериозен фудбал не играл три години, па не чуди што навивачите бараа да заминат.

Покрај Џонс како слободен играч заминува и Аксел Туанзебе кој за првиот тим одигра 37 натпревари.

Од Манчестер Јунајтед денес соопштија и дека нема продолжување на договорот со Де Геа, но кај Шпанецот се остава простор за продолжување на соработката и преговорите со него ќе продолжат. (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната следната дестинација на Марко Ројс?

Марко Ројс на крајот од сезоната ја напушта Борусија Дортмунд, а кариерата би можел да ја …