Фудбалскиот свет денес е под импресии од вчерашниот чудесен настап на Лионел Меси, Аргентинецот одигра чудесен натпревар и ја доведе Барселона на чекор од пласман во финалето.
„Лесно е да се игра и победува кога во тимот го имаш Меси“, е само еден од многубројните коментари после натпреварот на „Ноу Камп“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тешко е да се каже дека е лесно, но кога го имате Меси навистина се чуствувате сигурно. Само милиметар простор и стотинка време му се доволни да изведе мајсторија.
Играше Ливерпул вчера и создаваше шанси, но Барселона го имаше Меси, тоа можеби е најдобриот опис за вчерашниот натпревар.
Денес со воодушевување за Меси пишува и медиумот наклонет на Реал Мадрид, „Марка“ која е со седиште во Мадрид.
„Марка“ порача дека нема потреба да се чека осум месеци за одлуката за тоа кој ќе биде најдобар играч во светот за 2019 година.
„Meси може да ја доби Златната топка уште утре“, стои во насловот на „Марка“.