Барселона продолжи со групните тренинзи пред рестартот на Ла Лига кој е закажан за 11. јуни.
На вчерашниот тренинг на Каталонците беа забележани неколку новитети. Стручниот штаб носеше маски во клупските бои, додека Антоан Гризман се појави со нов имиџ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, Гризман својата подолга коса ја искористи да направи плетенка, а на фоторепортерите тоа не им „избега“. Во Барселона тренинзите се во утринските часови и тимот е поделен на две групи од по 14 играчи.
Првата сезона на Гризман, барем одиграниот дел може да се оцени како солидна. Играше редовно, собра 37 настапи и постигна 14 голови, погоди во секое натпреварување во кое настапи.
