Дома Останати Авто Мото Иџе победи во Имола, но не ја заврши втората трка!

Иџе победи во Имола, но не ја заврши втората трка!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе, кој победи на првата неделна трка во Имола, во рамките на Европскиот шампионат на кружни патеки (ETCC), не успеа да ја заврши втората трка.

Иџе, попладнево најпрвин победи на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“, а втората трка не ја заврши откако излета од патеката по контакт со еден од возачите.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


По триумфот во првата трка, според правилата, Стефановски, втората трка ја стартуваше од осмата позиција, веднаш на стартот се искачи за една позиција, а во вториот круг во моментот кога се обиде да го мине Труфер, дојде до контакт помеѓу двете возила, поради што двајцата излетаа од патеката и ја завршија трката.

Инаку, Иџе првата трка во Имола ја стартуваше од четвртата позиција, но уште во првиот свиок успеа да мине две возила и да се позиционира на второто место зад првопласираниот Ришар, кој ја имаше пол позицијата.

Во петтиот круг, Иџе ја искористи грешката на Ришар ја презеде првата позиција и на крајот прв мина низ целта со пет секунди предност во однос на Швајцарецот и Пелинен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Скандал: Навивачите на Шкендија наместо минута молк во Тетово, пееја песна за УЧК(видео)

На денешниот натпревар помеѓу Шкендија и Брера видовме скандалозно однесување на домашните…