Maкедонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе не успеа да наје начин како да дојде во Италија и објави дека нема да се трка на ТЦР шампионатот кој треба да се вози на патеката Муџело.
Причината што Иџе не успеа да отпатува е што Македонија е на списокот на земји кои имаат забрана за влез во Италија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веста дека нема да се трка во Италија Иџе ја објави на социјалните мрежи.
„Направивме сè. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам на патеката Муџело. За жал, денес веќе дефинитивно е јасно, дека на оваа трка нема да учествувам. Направивме сè што можевме. Покриени се сите трошоците за котизација, со цел да може да обезбедиме учество. Го подготвивме автомобилот кој ги има потребните перформанси за трка. Ја контактиравме амбасадата на Италија. Разгледувавме алтернативи, барајќи можност, до последен момент.
За жал, безуспешно. Нашата земја се најде на списокот на земји, чии граѓани поради пандемијата од коронавирусот, добија забранет влез во Италија. Верувам дека во следниот период годинава, јас заедно со мојот автомобил и мојот тим, ќе може да бидеме дел од меѓународните тркачки предизвици. Целата енергија и напори ќе ги фокусираме кон ТЦР шампионатите низ Европа. Силно сум убеден дека ќе успееме да бидеме дел од следните трки“, стои во објавата на Иџе.