Дома Трансфер зона Италија повеќе не е реална дестинација, Балотели би можел во – Марсеј?

Италија повеќе не е реална дестинација, Балотели би можел во – Марсеј?

Со ваквиот трансфер Марио Балотели би предизвикал бура во Франција…

По се изгледа дека Балотели нема да се врати во Италија. Го сакаа Рома и Наполи, се шпекулираше и за враќање во Интер, но фудбалерот со последната изјава изгледа дека потврди дека шансите за трансфер во Серија А се мали.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Раиола бара многу пари за мене“ се пошегува повратникот во репрезентацијата.

Балотели сака да биде стартер, а во Наполи би можел да биде само алтернатива за Милик, во Рома за Џеко, а останатите опции не беа премногу реални.

Подоцна се поврзуваше и со Борусија Дортмунд каде што веќе пристигна неговиот тренер од Ница, Лусијан Фавр, но место тоа Балотели на крајот би можел да заврши во Марсеј.

Во тој клуб би добил најмногу пари, па спремен е да се приклучи на клубот кој е најголем ривал на Ница во навивачка смисла.

Иако Балотели беше миленик на навивачи, доколку трансферот навистина се реализира на гостувањата во „Алијанц Ривера“ во Ница би имал сигурно пеколен пречек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…