Жозе Мурињо сака значително да го засили тимот на Рома ова лето и следната сезона да се бори за врвот.




После освојувањето на Конференциската лига, раководството е спремно да му даде солиден буџет на „Специјалниот“, а веќе пристигна првото засилување, Немања Матиќ.




„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо работи на доведување на уште една голема ѕвезда, а станува збор за Герет Бејл.




Бејл во моментов е слободен агент откако му заврши договорот со Реал Мадрид, а Мурињо има одличен однос со Велшанецот.




Велшанецот има понуди од Премиер лигата, но е спремен да ја прифати понудата на Мурињо и да се пресели во Серија А.