Фудбалерот на Унион Берлин, Леонардо Бонучи е подготвен да го раскине договорот и да се пресели во Рома, објавија денеска италијанските медиуми.
„Газета дело Спорт“, „Коријере дело Спорт“ и „Тутоспорт“ објавија дека преговорите меѓу искусниот дефанзивец и римскиот клуб напредуваат и дека поранешниот играч на Јувентус, Милан и Интер е подготвен да се пресели во Рома во јануари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рома сака да доведе барем еден централен бек во зимскиот преоден рок, но извори од клубот директно не ги потврдија тврдењата за Бонучи, бидејќи навивачите на Рома се против доведувањето на Бонучи.
Како што пренесува „Кориере дело спорт“, 36-годишниот фудбалер едвај чека да работи со тренерот Жозе Мурињо.
„Газет“а и „Кориере“ објавија дека Рома на Бонучи му понудила шестмесечен договор, а „Тутоспорт“ дополни дека Бонучи сака договор на година и пол.