Спортскиот директор Кристиано Џунтоли изгледа одлучил на Маурицио Сари да му обезбеди одлични засилувања за продолжение од сезоната.
Уште од првиот ден од преодниот рок навивачите на Наполи чекаат да се израдуваат на засилувања кои ќе им помогнат да ја задржат лидерската позиција во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации во Наполи наскоро пристигнуваат Жерар Делофеу од Барселона и Амин Жунес од Ајакс.
Италијанската национална телевизија „RAI“ тврди дека Наполи стапил во контакт со Барселона и дека испратил официјална понуда до Барселона од 20 милиони евра, 18 милиони како оштета и два милиони евра преку бонуси за услугите на Жерар Делофеу.
Покрај тоа се наведува и дека спортскиот директор на каталонскиот гигант Роберт Фернандез дал зелено светло да започнат преговори со фудбалерот. Наводно и самиот Делофеу покажал интерес да го засили тимот на Наполи и да се врати во Серија А каде што одигра одлична полусезона во дресот на Милан.
Кога во прашање е Амин Жунес од Ајакс, неговиот договор со холандскиот клуб истекува на лето и Германецот ја прифатил понудата од 1.5 милион евра по сезона, останува да се види само дали трансферот ќе се реализира до крајот на овој месец или во летниот преоден рок.