Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.




Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари оваа година пристигна во Салцбург од Филаделфија.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Аронсон е офанзивен играч за врска, кого го карактеризира голема техника и чуство за гол и веќе е стандарден репрезентативец на САД.




Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.




Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 25 милиони евра, па се очекува наскоро да започнат преговори со италијанските клубови.