Според последните информации со кои располагаат италијанските медиуми, Интер има намера да го донесе во своите редови Матео Ковачиќ ако бидат прекинати преговорите со Рамирес.
Раководството на Интер го означи како примарна желба Рамирес, но Сунинг не сака да се прости од некогашниот играч за врска на Бенфика и Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што јавуваат Тутоспорт и Медиасет Премиум, емисарите на Интер во ист момент преговараат и со оперативците на Реал во врска со шестмесечната позајмица на Матео Ковачиќ. Преговорите започнаа пред шест недели. Преговарачката операција ја кројат директорот на Интер, Пиеро Аусилио и Марио Мамиќ, застапникот на Матео Ковачиќ.
Реал Мадрид пак, е расположен да го испрати на позајмица, се со цел да се доближи до доведувањето на Мауро Икарди, напаѓачот на Интер кој веќе неколку месеци наназад се врзува со шпанскиот клуб.
Матео Ковачиќ во досегашниот дел од сезоната за Реал настапи на 14 службени натпревари. Со оглед на незадоволството поради минутажата, играчот за врска искрено верува дека ќе се врати во редовите на Интер.
TS : #Inter .. has #Rafinha#Barca agreed
Without #Ramires, how about #Kovacic !!#Inter talks with #RealMadrid pic.twitter.com/FqT1NlvURt— #FCIM || MhmmdBayati (@MhmmdBayati) January 20, 2018