Дома Трансфер зона Испадна и оваа и минатата сезона од Премиер лигата, а сега пристигнува во Челзи?

Испадна и оваа и минатата сезона од Премиер лигата, а сега пристигнува во Челзи?

Каталонскиот Спорт издаде неочекувана приказна.

Фудбалерот на Мидлсброу, Адам Траоре би можел наскоро да ги засили редовите на шампионот Челси, пишува каталонскиот весник Спорт.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Овој извор тврди дека играчот кој два пати по ред испадна од Премиер лигата, минатата година со Астон Вила, оваа со Мидлсброу, би можел да се пресели кај Антонио Конте.

Покрај тоа што две години по ред испадна од елитата со различни екипи, податокот кој не е за пофалба е и дека Траоре не успеа да постигне ниту еден гол во Премиер лигата за нешто повеќе од 1.500 одиграни минути.

Меѓутоа, факт е дека фудбалерот кој е многу млад (21) поседува голем талент и квалитет кој го покажуваше и во пониските категории и во Барселона Б.

Антонио Конте верува дека може да го извлече најдоброто од него, Траоре е продорен, моќен и брз играч, одличен во игра еден на еден, но рака на срце досега играше во очајни екипи. Замислете да дојде во Челзи играч со ваква биографија во Премиер лигата…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…