Дома Трансфер зона Иско пред потпис со клуб од Премиер лигата?

Иско пред потпис со клуб од Премиер лигата?

Шпанецот Иско во последните моменти од преодниот рок беше блиску до трансфер во Унион Берлин, дури и пристигна на прегледи во овој клуб, но на крајот трансферот не се реализираше.

Двете страни се обвинуваа дека ги промениле барањата во преговорите во последен момент. Сега тој е слободен агент и може да потпише договор со било кој клуб иако не е отворен преодниот рок.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Ситуацијата со Иско ќе се обиде да ја искористи Евертон и да го доведе во своите редови. Во Иско Евертон гледа замена за Ентони Гордон кој за 40 милиони евра направи трансфер во Њукасл.

Ќе потсетиме, Евертон неодамна како наследник на Лампард го промовираше Шон Дајч на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…