Манчестер Сити подготви 30 милиони фунти за Иско.
Оваа опција за Иско изгледа многу пореална отколку да си оди во Челзи и да стои како резерва за Еден Азар. Пред неколку дена во шпанските медиуми излезе шпекулација дека Иско или Хамес Родригез би можеле да бидат жртви за да се вложат помалку пари за трансферот на Белгијанецот, кој е најголемата желба на Зидан.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Иско не е стандарден првотимец во Реал, Зидан го користи во ротација. Наводно е незадоволен од својот статус и сака да си оди некаде каде што ќе игра значајна улога.
Освен Сити и Челзи, се поврзува и со Јувентус, а интересно е и дека неговиот поранешен соиграч од Валенсија, Алба неодмна изјави дека е добредојден на „Камп Ноу“.