Дома Македонски спорт Мак баскет Ирците претпазливи: Имаме добра предност, но Шкупи покажа дека е опасен

Ирците претпазливи: Имаме добра предност, но Шкупи покажа дека е опасен

Шкупи вчера доживеа пораз на гостински терен од Шамрок Роверс со 3:1, а менаџерот на ирскиот тим Стефан Брадли истакна дека голот во самиот финиш за 3:1 би можел да биде клучен во овој двомеч.

Шамрок го искористи лошиот почеток на Шкупи и во половина час постигна два гола. Во вториот дел Шкупи се врати и намали на 2:1, но сепак до крајот Ирците постигнаа трет гол за победа од два разлика.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Голот кој сигурно е важен можеби ќе се покаже и како пресуден. Сега во реваншот одиме со предност од два гола, но и покрај победата фрустриран сум од тоа како изгледавме во одредени моменти од натпреварот. Шкупи покажа дека може да биде опасен, ние сме во добра позиција и ќе се обидеме да ја искористиме“, изјави Бредли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…