Дома Трансфер зона Интер ја одреди цената за Икарди, ова е скапо и за Реал

Интер ја одреди цената за Икарди, ова е скапо и за Реал

Управата на Интер ја одреди цената за својот најдобар стрелец Мауро Икарди.

Според пишувањата на „Corriere dello Sport“, Интер ја одреди цената за Икарди и таа не е мала – 160 милиони евра! Не е тајна дека Интер сака да заработи, но и дека Икарди во моментов е најважен и најдобар играч на Интер. Тој е втор стрелец во Серија А со 22 постигна гола, па според тоа, управата на Интер одлучи да стави цена која не може секој да ја плати.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Можно е поранешниот играч на Сампдорија уште на лето да го промени клубот, а прашање е кој ќе плати толку пари. За играчот се заинтересирани Челзи и Реал Мадрид, па останува да видиме дали Аргентинецот и понатаму ќе им биде приоритет. Икарди има договор со Интер до летото 2021. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…