Дома Топ вести Интер тргнува по ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Интер тргнува по ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е сериозно заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот.

Меѓутоа, неговиот агент потврди дека Холанѓанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а Интер сака да ја искористи таквата ситуација.

„Нероаѕурите“ имаат одлични односи со Манчестер Јунајтед и ќе се обидат да го донесат на 18-месечна позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…