Италијанските медуми пренесуваат дека кинеските сопственици на Интер спремиле огромен буџет за трансфери следното лето, а главна цел ќе им биде ѕвезата на Арсенал, Алексис Санчез.
Санчез и оваа сезона игра фантастично за „топџиите“ и веќе има 8 гола на 13 натпревари во Премиер лигата, но неговата иднина често е предмет на шпекулации.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Имено, неговиот договор со Арсенал истекува во 2018 година, а преговорите за продолжување на соработката се во застој, па можно е на крајот на сезоната да ја промени средината.
Интер следното лето нема да има финансиски проблеми и ќе има буџет од околу 150 милиони евра, па Санчез е на врвот на приоритетите.
„Нероаѕурите“ сакаат да ја искористат ситуацијата што Чилеанецот сеуште нема потпишано нов договор со Арсенал и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Пробем за Интер би можело да биде само големата конкуренција бидејќи за потписот на Санчез силен интерес покажуваат уште Јувентус и Манчестер Сити.