Повеќе нема никакви дилеми Лаутаро Мартинез пристигнува во Интер, а сега се откриени и дел од деталите од неговиот договор.
Самиот играч пред неколку дена потврди дека потпишува со Интер и дека остануваат да бидат завршени само формалностите. Мартинез беше мета и на Борусија Дортмунд, но Интер сепак успеа да ја победи конкуренцијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Мартинез, денес во медиумите за неговиот трансфер зборуваше и агентот на напаѓачот.
„Тимот на Интер ќе се базира на него, се ќе се гради околу него. Неговата откупна клазула ќе изнесува 111 милиони евра“, изјави Бето Јака, менаџерот на Мартинез.
Менаџерот истакна дека бил запознаен со интересот од Дортмунд, дури и се сретнал со претставниците на овој клуб пред еден месец.
„Не беа во прашање парите. Лаутаро сакаше само во Интер поради спортски причини. На него гледаат како важно засилување и неговата желба ќе биде исполнета, веќе потпиша преддоговор.