Дома Фудбал Италија Интер оптимист дека Скриниар ќе стави потпис на нов договор

Интер оптимист дека Скриниар ќе стави потпис на нов договор

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота потврди дека Интер ќе ги продолжи договорите со Скриниар за продолжување на договорот.

Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ му нуди многу повисока плата, но од Интер се оптимист дека дефанзивецот сепак ќе ја прифати нивната понуда и ќе стави потпис на нов договор.

„Ќе се сретнеме со агентите на Скриниар после мечот со Викторија Плзен. Има шанси да постигнеме договор за продолжување на соработката. Тој е професионалец и го сака Интер, јас сум оптимист“, изјави Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…