Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез е блиску до трансфер во Марсеј, пренесуваат италијанските медиуми.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Нероаѕурите“ сакаат да го намалат буџетет за плати, а Санчез е еден од најплатените фудбалери во тимот.




Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека Интер се согласил да му плати бонус од 5 милиони евра за раскинување на договорот.
Санчез конечно нашол клуб со кој постигнал договор и сега е спремен да го раскине договорот со Интер.




Чилеанецот ќе се пресели во Марсеј, каде ќе потпише 3-годишен договор и ќе заработува 3 милиони евра по сезона.