Шпанскиот фудбалер, Жорди Алба и дефинитивно ќе се придружи на Лионел Меси и Серхио Бускетс во Интер Мајами.
Трансферот досега се најавуваше во медиумите, а сега го потврди и сопственикот на клубот, Хорхе Мас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Жорди Алба ќе потпише за нас“, изјави Мас по тренингот на тимот од Флорида.
34-годишниот шпански репрезентативец беше без клуб откако му истече договорот со Барселона на крајот на минатата сезона.
Алба играше за Барселона од 2012-та и со овој клуб освои 18 трофеи. Покрај Алба според најавите блиску до договор со Интер Мајами е Луис Суарез.