Дома Топ вести Интер и Челзи се блиску до договор за Лукаку

Интер и Челзи се блиску до договор за Лукаку

Ромелу Лукаку се договорил со Интер за личните услови, бидејќи силно посакува да се врати во Милано, а Челзи е спремен да го пушти на позајмица.

Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и го загуби местото во првиот тим. Притоа влезе и во конфликт со тренерот Тухел и сака да се врати во Интер.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Лондончани побарале од „нероазурите“ да платат 20 милиони евра за едногодишна позајмица со право на откуп.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба започнале пргеговори, Интер понудил 6 милиони евра за позајмица, па се очекува да биде постигнат договор за едногодишна позајмица за 10 милиони евра.

Челзи така ќе се ослободи од високата плата на Лукаку, додека Белгиецот е спремен значително да ја намали платата само да се врати во Интер.

Интер е блиску до договор и со Дибала, кој треба да пристигне како слободен агент и најверојатно ќе биде партнер во нападот на Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …