Дома Топ вести Интер и нуди трампа на Барса: Го сакате Лаутаро, дајте ни го Гризман

Интер и нуди трампа на Барса: Го сакате Лаутаро, дајте ни го Гризман

Не е тајна дека примарна трансфер цел на Барселона ова лето ќе биде ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез.

Каталонците веќе подолго време работат на трансферот и се спремни да ја платат откупната клаузула од 111 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поради тоа, „нероаѕурите“ денес твргнаа во контраофанзива и за возврат го бараат Антоан Гризман, тврди „Газета дело Спорт“.

Двајцата фудбалери имаат приближна вредност, бидејќи Гризман пристигна во Барса минатото лето за 120 милиони евра, а Каталонците се спремни да го продадат за таа сума.

Барселона би можела да ја прифати оваа трампа, но Интер ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Французинот се заинтересирани други европски гиганти кои се спремни да му понудат многу повисока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…