
Интер планира да направи вистинска реконструкција на тимот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Покрај сериозните најави дека на кормилото може да дојде Антонио Конте, спортскиот директор Марота веќе работа на големи засилувања на тимот.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Мауро Икарди кој се очекува да го напушти Интер на крајот на сезоната после целиот скандал, а „нероаѕурите“ веќе ја започнаа потрагата по негова замена.
Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба на Интер е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.
Во Јунајтед, Оле Гунар Солскјер најави „чистка“ во клубот, а Лукаку е еден од тие кои немаа стандардно место во првиот тим.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат Белгиецот за сума од околу 60 милиони евра, но медиумите тврдат дека двата клуба можат да договорат размена во која ќе биде вклучен Иван Перишиќ.
Проблем во преговорите може да биде високата плата на Лукаку, кој моментално на „Олд Трафорд“ заработува 10 милиони евра по сезона.
? Asse di mercato molto caldo tra #Inter e Manchester United: all'orizzonte una maxi trattativa tra i due club!
?#CMITmercatohttps://t.co/rJI9exJfKX
— calciomercato.it (@calciomercatoit) May 10, 2019