Интер одлично ја отвори сезоната, покажа дека ќе биде достоен ривал на Јувентус за Скудетото, па „нероаѕурите“ се во потрага по засилувња.
Италијанските медиуми тврдат дека главна трансфер цел на „нероаѕурите“ е ѕвездата на Фиорентина Федерико Киеза и веќе имаат план како да дојдат до неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Габриел Барбоса благодарение на добрите партии во дресот на Фламенго ја „оживеа“ кариерата и неговата цена повторно порасна на трансфер пазарот.
Бразилецот се уште е под договоро со Интер, но јасно е дека „нероаѕурите“ ќе сакаат да заработат на неговиот трансфер.
23-годишниот голгетер е на мета на неколку европски клубови, а последните информации се дека може да остане во Серија А. Имено, за него силен интерес покажува Фиорентина, а Интер сака да го искористи како дел од трансферот на Федерико Киеза.
Газдата на Фиорентина, Комисо не сака да го продаде Киеза на Јувентус, па „нероаѕурите“ се фаворити за неговиот потпис.
Со оглед дека цената на Италијанецот е доста висока, Интер сака како дел од договорот да го вклучи Габигол.