Дома Фудбал Италија Интер е нов лидер во Серија А! (ВИДЕО)

Интер е нов лидер во Серија А! (ВИДЕО)

Интер го искористи киксот на Јувентус, па славеше со 2-1 против СПАЛ и така се искачи на првото место во италијанската Серија А.

Лаутаро Мартинез донесе водство за „нераѕурите“ во 16. минута, а во 41. минута зголеми на 2-0. Во 50. минута Валоти намали на 1-2, па се обидоа гостите да стигнат и до бод, но не успеаа во својата намера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан славеше со погодокот на Тео Ернандез во 88. минута, кога искористи голема грешка на одбраната на Парма и така „росонерите“ ја прекинаа серијата без победа.

На останатите натпревари Лацио славеше против Удинезе со 3-0, а Јувентус одигра 2-2 против Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона се заинтересира од Нејтан Аке

Раководството на Барселона ја разгледува можноста да го доведе дефанзивецот на Манчестер С…