Актуелниот шампион на Италија, Интер на крајот на преодниот рок го потврди трансферот на младиот Аргентинец, Томас Паласиос.
Договорот на 21-годишниот Аргентинец е до летото 2029 година, а Интер за него ќе плати 6,5 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Трансферната сума од трансферот ќе биде распределена меѓу два клуба, Талјерес, чија сопственост беше Паласиос, и Индепендиенте Ривадавиа, каде што беше позајмен. За овие два клуба, Паласиос одигра вкупно 24 натпревари и исто така беше дел од младинската репрезентација на Аргентина до 20 години.