Дома Трансфер зона Трансферот договорен: Познато кога Реал ќе го официјализира првото засилување!

Трансферот договорен: Познато кога Реал ќе го официјализира првото засилување!

Трансферот на Езекил Паласиос од Ривер Плата во Реал Мадрид е финализиран, открива доброинформирана „Марка“.

Сите детали од трансферот на младиот играч за врска се договорени и недостасува само официјализација на трансферот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фактот што Ривер Плата се пласира на Светското клупско првенство го забави објавувањето на трансферот. Двата тима може да се сретнат во финалето на 22 декември.

Токму поради тоа трансферот се уште не е потврден, но „Марка“ пренесува дека ќе биде официјализиран веднаш по завршувањето на Светското клупско првенство.

Се уште не е јасно дали Паласиос веднаш ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ или ќе остане во Аргентина до лето.

https://youtu.be/1sXNIzfLRAw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…