Интер ова лето би можел да го продаде својот прв голман Андре Онана за да собере пари за да купи човек кој стана омразен од навивачите на овој клуб.
Камерунскиот голман Андре Онана по само една година би можел да го напушти Интер и за прв пат во кариерата да се испроба во англиската Премиер лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За неговите услуги е заинтересиран Манчестер Јунајтед, а како што пренесува угледната италијанска Gazzetta dello Sport, Интер е многу блиску до согласност за негова продажба.
Брилијантниот голман пристигна во Интер во летото 2022 година на слободен трансфер по заминувањето од Ајакс, а бројката што сега се споменува за неговото заминување е 35 милиони евра.
Од таа страна секако дека би била добра работа за Интер, но прашање е кого би донеле како замена. Наводно се заинтересирани за Кејлор Навас и Хуго Лорис.
Сепак, намерата на менаџерот на Интер нема да оди добро кај мнозинството навивачи на Интер. Наводно сакаат да го продадат Онана, за да соберат пари за да го доведат Ромелу Лукаку од Челзи.
Белгискиот напаѓач токму од Интер премина во Челзи во 2021 година за 113 милиони евра, но претходната сезона ја помина на позајмица во Интер.
Во текот на целата сезона тој не беше во форма поради повредите, а на 10 јуни во финалето на Лигата на шампионите два пати беше трагичар против Манчестер Сити.
Навивачите на Интер веруваат дека тој нема што да бара во клубот, без разлика на неговите стари заслуги и скудетото што го освои пред две години, а особено не ако тоа значи продажба на Онана, кој минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Интер.