Бразилскиот клуб Фламенго е спремен да плати 22 милиони евра за да го донесе во своите редови напаѓачот на Интер Габриел Барбоса, пренесува „Газета дело Спорт“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фламенго бара замена за Лукас Пакета кој се пресели во Милан, а на врвот на листата желби е токму Габигол.
Габигол последната година граше на позајмица во Сантос, каде ја поврати старата форма и стана најдобар стрелец во бразилското првенство.
Габигол треба да се врати во Интер следниот месец, но очигледно за него нема место во тимот на Спалети, па „нероаѕурите“ се спремни да ја прифатат понудата од Фламенго.
Бразилецот пристигна на „Џузепе Меаца“ во 2016 година како големо засилување за 33 милиони евра, но не успеа да го покаже својот квалитет во Интер.
Inter-Flamengo negotiation to exchange Gabriel Barbosa, Joao Miranda for €22M and 18 year-old Lincoln https://t.co/318UtmkQnk
— FedeNerazzurra (@_FedeNerazzurra) December 18, 2018