Ромелу Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи, после две одлични сезони во Интер.
Лукаку сакаше да се врати во клубот за кој навива од детсвото, а „сините“ за неговиот потпис платија 115 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа, Лукаку оваа сезона е само бледа сенка на тоа што беше во Серија А, го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел.
Белгиецот не е среќен на „Стенфорд Бриџ“ и сака да се врати во Интер, па преку својот агент му се понудил на „нероаѕурите“ и потврдил дека е спремен на драстично намалување на платата.
Интер сака да го врати, но има финансиски проблеми, а последните информации од Апенините се дека „нероаѕурите“ се спремни да го продадат Лаутаро за да го вратат Белгиецот.
Интерес за Лаутаро покажува Атлетико Мадрид, а Интер е спремен да го пушти доколку пристигне понуда од 70 милиони евра.