Дома Топ вести Интер го користи Габигол за „брутален“ трансфер

Интер го користи Габигол за „брутален“ трансфер

Габриел Барбоса благодарение на добрите партии во дресот на Фламенго ја „оживеа“ кариерата и неговата цена повторно порасна на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Габигол стана најдобар стрелец во бразилското првенство, сруши неколку рекорди и е спремен повторно да се врати во Европа.

Бразилецот се уште е под договоро со Интер, но јасно е дека „нероаѕурите“ ќе сакаат да заработат на неговиот трансфер.

23-годишниот голгетер е на мета на неколку европски клубови, а последните информации се дека може да остане во Серија А. Имено, за него силен интерес покажува Фиорентина, а Интер сака да го искористи како дел од трансферот на Федерико Киеза.

Газдата на Фиорентина, Комисо не сака да го продаде Киеза на Јувентус, па „нероаѕурите“ се фаворити за неговиот потпис.

Со оглед дека цената на Италијанецот е доста висока, Интер сака како дел од договорот да го вклучи Габигол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…